Циркузот продолжува, во Собранието Димовски му ја одзеде картичката на Џафери

Во Собранието, вечерва, по истекот на едночасовната пауза на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски..

Претходно повторно се случи инцидент, откако Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му ја извади картичката на претседателот на Собранието Талат Џафери. Пред ова, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски побара пауза од еден час, а доби пауза од 10 минути.

Димовски од собраниската говорница рече дека не сака да се предизвикуваат немили настани во собраниската сала, но дека и за љубов и за кавга се потребни двајца.

Се замеша и обезбедувањето да ја чува картичката на претседателот на Собранието Џафери, а околу собраниската говорница повторно се собраа пратениците на опозицијата. „Секој ден ни викаш полиција. Ова е окупација на парламентот. Ова го нема нигде. Македонскиот народ го гледа ова“, извикуваше од пред насобраните пратеници Влатко Ѓорчев.

Џафери даде пауза од еден час.

И денешната собраниска расправа помина во реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Барањето на Владата за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е неосновано и неаргументирано.

Собранието утре напладне ќе ја продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top