Цивил: „Бугарски воз“ на гласачко место во Аеродром

На избирачкото место 2686 во општина Аеродром со интервенција на полицијата е прекинато гласањето, објави гражанското здружение Цивил..

На гласач му се дадени четири избирачки ливчиња, а кога тргнал да ги внесува во избирачките кутии имал само три. Му недостасува ливчето за советничка листа на Аеродром.

По реакција на Избирачката комисија, полицијата го прекинала гласањето, гласачот е задржан во избирачкото место. Полицијата чека налог за претрес.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ известува дека поради прекинот на гласањето пред избирачкото место се создала гужва, а доста гласачи се откажале од чекање.

Прекинот трае веќе половина час.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top