Cкандал во воената академија: Македонци со освоени 93 поени се одбиваат, а се примаат Албанци со освоени 63 поени

Македонската воена академија се албанизира, смета лидерот на „Достоинство“, Cтојанче Ангелов.

Македонската воена академија се албанизира, смета лидерот на „Достоинство“, Cтојанче Ангелов, кој објави шокантни податоци за тоа како Македонци со освоени 93 поени на конкурсот за кадети, биле одбивани, а на нивно место биле примени Албанци со освоени 63 поени. 

Од списокот се гледа дека Јован Илиев освоил 93 од можни сто поени на конкурсот за кадети, бил рангиран на 11-то место, но е одбиен од Воената академија. На негово место е примен Бујар Алили, со освоени 63 поени и 109-то место на ранг листата. Ист е случајот и со Кристијан Спасески, Виктор Николовски. Антонио Манасиевски, Марија Трајкова, Ангелина Стојаноска и многу други, кои имаат по 93 или 92 поени, но не успеале да се запишат.

Примени се Илир Халили, Премтим Рамадани и други лица од албанска националност, кои освоиле по 63 поени и се далеку пониско на ранг листата.

Претседателот на „Достоинство“, вели дека дел од примените не го познаваат ниту македонскиот јазик и барале преведувачи за време на лекарските прегледи.

Од партијата бараат случајот  да го испита и Јавниот обвинител и да преземе соодветни мерки. Реагираат и за навиката на министерот за одбрана, Талат Џафери, на сите официјални соопштенија, вклучително и на овој список, да се потпишува на албански јазик и писмо, иако е министер во владата на Република Македонија. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top