Чоколадо за појадок - одлично за слабеење

Израелските научници открија дека слаткиот појадок, како на пример чоколадна торта, колач или пудинг може да помогне за намалување на килограмите. Имено овој појадок содржи доста калории, но и протеини и јаглехидрати..

Доколку наутро изедете нешто слатки, ке ја задоволите дневната потреба за шекери, а организмот ке го потроши тоа во текот на денот.

Наутро метаболизмот е најактивен, затоа е најдобро наутро да се јаде храна која на организмот ке му ја обезбеди потребната енергија, а вишокот калории ке бидат согорени во текот на денот.

Истражувањето траело 32 недели. Испитаниците кои со појадокот внесле 600 калории, вклучувајќи есто слатко, како што се чоколадо, колач или торта, изгубиле во просек 18 килогарми повеке од оние кои што ја избегнале таквата храна. Оние кои не се придржувале на упатствата, најпрво почнале да губат тежина, но на крајот на истражувањето повторно се вратиле на старата тежина, а некои добиле и неколку килограми повеке.

 Појадокот му дава на телото енергија за дневните активности, помага во функционирање на мозокот што е клучно за намалување и одржување на телесната тежина.

Иако утрото е време кога организмот најуспешно го контролира лачењето на грелинот, хормон на гладта, појадокот треба да биде квалитетен, така што организмот би го имал потребниот извор на енергија.

Драстични диети, со кои се забранува внесување на слатка храна и јаглехидрати, не се здрави.

Комплетен сладок појадок вклучувајќи и десерт, на телото му ја обезбедува потребната енергија, а телото наутро полесно и побрзо ке ги потроши калориите, отколку во останатите делови од денот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top