Црн рекорд во САД: Над 13 000 заболени само денеска, ги надминаа Кина и Италија

Бројот на нови случаи во САД е најголем досега во еден ден..

Пријавени се 13.732 случаи за еден ден, според податоците на Worldofmeters.com.

Исто така, вреди да се напомене дека сите држави не ги пријавиле сите случаи.

Вкупно, повеќе луѓе се погодени во оваа земја отколку во Италија и во Кина.

Според новите бројки кои сè уште пристигнуваат, САД имаат повеќе случаи од Италија.

Според денешните податоци, во Италија се пријавени 80.589 случаи на коронавирус. Само денес се пријавени 6203, половина помалку отколку во САД.

Италија, Шпанија, па дури и Германија забележаа пораст од околу 6.000 нови случаи денес, додека САД денес имаат двојно повеќе од тој број.

Денес, Соединетите држави ја надминаа и Кина по број на случаи.

Кина денеска забележа вкупно  81.255 случаи со дневно зголемување од само 67 случаи, а во последните денови зголемувањето е меѓу 50 до 70.

Со тоа, Соединетите држави денеска станаа земја со најголем број заразени во светот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top