Црна Гора ги затвори границите

Исто така, воведена е и задолжителна самоизолација за странските патници..

Со цел да се заштити од коронавирус, Црна Гора воведе нови привремени мерки, кои вклучуваат, меѓу другото, и затворање на границите за странците.

На седницата на Националното координативно тело беше донесена одлука дека во Црна Гора ќе бидат затворени границите за странци, освен за оние што работат во Црна Гора, дека е потребна самоизолација, затворени се барови, кафулиња, игротеки, спортски сали и трговски центри.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top