Црвен автобус за новата кампања за останување на Британија во ЕУ

Приврзаниците на останувањето на Велика Британија во Европската унија (ЕУ) како свој симбол во новата кампања против излегувањето на земјата од ЕУ одлучија да користат црвен автобус, сличен на оној што ја обиколуваше земјата за време на кампањата за Брегзи.

Црвениот автобус, кој денес беше презентиран во рамки на новата иницијатива на приврзаниците за останок, го носи слоганот „Брегзит - дали вреди?“

Автобусот е покриен со плакат со натпис „Брегзит ќе чини 2000 милиони фунти неделно според анализата на владата, дали вреди?“

Возилото денес тргна од центарот на Лондон во осумдневна кампања со 33 застанувања низ Велика Британија.

Новиот автобус е референца на црвениот автобус на поддржувачите на Брегзит со слоганот „Да ги дадеме 350 милиони фунти, кои секоја недела ги даваме на ЕУ, на нашиот здравствен систем.“ Оваа кампања била предводена од сегашниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон пред референдумот на 23 јуни 2016 година.

Оваа контроверзна сума не го зема во предвид надоместокот што во 1984 година Велика Британија го доби за време на премиерката Маргарет Тачер.

Приврзаниците на останувањето во ЕУ спомнуваат сума од 2.000 милиони фунти (2.26 милијарди евра), што е наведена во една економска анализа која британската влада одбива да ја објави со надеж дека со ЕУ ќе постигне добар договор за слободна трговија.

Обединетото Кралство треба да излезе од своето членство на 29 март 2019 година, точно две години по отпочнувањето на постапката за излез.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top