Да се знае кој е главен: Абрамович му воведува правила на однесување на Сари

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари во новата сезона ќе го води тимот на Челси, но за него ќе важат можеби и построги правила во однос на неговите претходници..

Веднаш по доаѓањето во Англија, Роман Абрамович преку своите соработници му дал правила на однесување. Првото е дека натпреварите мора да ги води во одело, а не во тренерки како што тоа го правеше во Италија.

Тоа е правило на премиер лигата, а не на Челси, но Абрамович испратил јасна порака дека нема да ги плаќа неговите казни.

Освен тоа, Сари барем за време на натпреварите ќе мора да се откаже од еден свој порок – пушењето. Додека го водеше Наполи, тој често беше казнуван поради ова, па му беше одредена посебна просторија за уживање во димот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top