Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал во претседателската палата, каде разговарал со претседателот на таа земја..

Како што изјави Дачиќ, а пренесе „Танјуг“ се слушнала силна експлозија, а во меѓувреме му било кажано дека во нападот има повеќе мртви и повредени.

Дачиќ додаде дека мета на нападот бил екс-министерот за надворешни работи на Сомалија.

Српскиот министерот на враќањето кон дома, морал принудно да слета во Атина поради дефект со леталото.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top