Дачиќ: Гвинеја Бисао ја повлече одлуката за признавање на Косово од 2011

Гвинеја Бисао вчера ја повлече одлуката за признавање на Косово од 2011 година, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ..

„За ме информираше премиерот на Гвинеја Бисао“, изјави Дачиќ. Тој додаде и дека земјата за вчерашното повлекување на признавањето испратила нота до Приштина.

Гвинеја Бисао, како што објасни Дачиќ, официјално го поништила писмото и признавањето во тоа писмо, од 2011 година, со кое наводно манипулирала Приштина.

Премиерот на таа земја, Умаро Сисоко Ембало, кој е на таа функција од ноември 2016, пред неколку дена во Белград кажа дека таа земја никогаш не го признала Косово, односно дека тој „не видел ниеден документ за признавање на Косово“.

Косовските медиуми објавија факсимил од вербална нота на Гвинеја бисао за признавање на Косово, која ја потпишал тогашниот, сега покоен, претседател на државата во 2011, како и фотографија од тогашната заменичка министерка за надворешни работи на Косово Вљора Читаку како ја прима нотата.

Вчера нотата беше официјално поништена.

Првата држава која го повлече признавањето на Косово како независна држава е Суринам, кој таа одулка ја донесе на 27 октомври 2017 година.

Неодамна медиумите на Косово објавија дека Приштина го ажурирала списокот земји кои ја признале независноста на Косово, а од кој се отстранети Нигерија и Уганда „чии писмени ноти за принавање Приштина никогаш не ги добила“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top