Дачиќ предложи Путин и Трамп да се сретнат во Белград: „Србија е неутрална“

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ предложи денес средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, да се одржи во Белград, јавуваат српските медиуми..

„Србија како воено неутрална земја има надворешнополитички капацитет да ги вгости заедно претседателот на Руската Федерација и Соединетите Држави. Тоа би била најголемата потврда за политиката што ја водиме како држава“, кажа Дачиќ.

Трамп вчера телефонски му ја честиташе на Путин изборната победа и потоа кажа дека сака да се сретне со рускиот претседател.

„Повикот имаше врска и со фактот што наскоро ќе се сретнеме, не во предалечна иднина, да разговараме за оружјето. Можеме да разговараме за трката во вооружувањето“, додаде Трамп.

Белата куќа подоцна соопшти дека сепак не постојат конкретни планови за средба.

Дачиќ кажа дека Белград е „целосно спремен да биде домаќин на една таква средба со планетарно значење“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top