Дачиќ: Приштина се повлекува од дијалогот, целиот процес може да се врати на нула

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ смета дека одлуката на косовската влада да не го примени договорот за формирање Заедница на српски општини може да се сфати како одлука на Приштина да се повлече од бриселскиот дијалог..

„Белград би можел сега да го разгледа ставањето надвор од сила на сите досегашни договори постигнати во Брисел“, порача Дачиќ.

Косовските институции вчера го отфрлија договорот за почеток на изработка на Статут за формирање на ЗСО, постигнат на неодамнешниот состанок во Брисел, со присуство на високи европски функционери.

Дачиќ предупреди дека целиот преговарачки процес на Белград и Приштина сега може да се врати на нула.

„Ако суштинскиот дел од договорот кој го договоривме албанските лидери бескрупулозно и без какви било санкции одбиваат да го применат, Белград може да разгледа ставање надвор од сила на сите досегашни договори што ги постигнавме во Брисел“, кажа Дачиќ.

Поради можното пропаѓање на повеќегодишниот преговарачки провес, шефот на српската дипломатија побара од меѓународната заедница, Европската Унија и САД итно да влијаат врз Приштина само да ги исполни своите обврски преземени со Бриселскиот договор, бидејќи, како што кажа, се заканува реална опасност преговарачкиот процес дефинитивно да биде прекинат.

„Белград за тоа нема да сноси апсолутно никаква одговорност“, заклучи Дачиќ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top