Дачиќ: Путин на есен доаѓа во Србија

Претседателот на Русија Владимир Путин на есен ќе дојде во Србија, изјави утрово министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, а пренесе Танјуг..

-Претседателот на Русија Владимир Путин на есен ќе дојде во Србија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со кого вчера разговарав во Москва ми рече дека го планираат тоа, рече Дачиќ во Дневникот на РТС.

Шефот на српската дипломатија наведе дека Лавров рекол и дека Русија, ако дојде до ширење на форматот на Бриселскиот дијалог е подготвена да учествува на таков формат.

Дачиќ рече дека го запознал Лавов со најновите случувања во дијалогот помеѓу Белград и Приштина и додаде дека форматот за сега нема да се менува, но дека разговорите со Приштина ќе се интензивираат.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top