Дачиќ: Решение е можно, ако ја притиснат Приштина

Ако некој не ја притисне Приштина, нема да има ниту дијалог, ниту решение, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во интервју за српската новинска агенција Танјуг..

На прашањето дали се очекува некој вид решение во кој било формат во наредната година, Дачиќ вели дека не се очекува, освен „ако некој не ја притисне Приштина“.

Тој притоа потсетува дека новото раководство на американската администрација, на чело со претседателот Доналд Трамп, има желба да го реши ова прашање.

Српскиот министер за надворешни работи истакнува дека на Србија и е потребна внатрешна политичка стабилност и добри односи со најголемите светски сили. Тој вели дека токму затоа Србија се однесува конструктивно и одговорно.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top