Дачиќ: Се подготвува Дејтон 2 за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ оцени дека до решение за „косовскиот јазол“ може да се дојде на меѓународна конференција..

– Предуслов за такво нешто е ставовите на двете страни да се приближат, изјави Дачиќ за Српски телеграф.

Според него, во моментот ставовите на двете страни се значително оддалечени.

Министерот додава дека решение може да биде т.н. Дејтон два, односно решение по модел на разграничување на голема меѓународна конференција што би требало да се одржи пред мај 2019 година кога истекува мандатот на Европската комисија.

Шефот на српската дипломатија нагласува дека разграничувањето со Албанците е само прашање на граници, кое во случај на нов Дејтон би се нашло на дневен ред.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top