Дачиќ: Што требаше да направам? Да го убијам Ердоган како Мурат?

Ивица Дачиќ рече дека синоќа на свечениот прием пеел на молба на претседателот Александар Вучиќ и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган..

– Колку што јас разбрав сите во салата беа воодушевени и денес тоа е главна вест во Турција. А што требаше да направам, да го убијам како Мурат? Доколку на некој не му се допаѓам нека сме променат, рече Дачиќ.

Тој рече дека очекувал позитивна реакција од турските гости, бидејќи пеел на нивниот јазик.

– Знаев дека така ќе изреагираат,тоа е една од нивните најпознати песни, а се пее на цел Балкан, изјави шефот на српската дипломатија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top