ДАЛИ ДЕТЕТО МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДИЈАБЕТЕС ОД ЈАДЕЊЕ МНОГУ БЛАГО?

Постојат два типа дијабетес - тип 1 и тип 2. Првиот најчесто се јавува кај децата, тинејџерите и младите, додека тип 2 е поврзан со дебелината..

Почесто се појавува подоцна во животот, но во последно време сè повеќе има заболени и на помлада возраст. Кога жената ќе остане трудна, сè и поминува низ главата - што е добро за моето дете, а што не е? Така, се наметнува прашањето: дали моето дете може да добие дијабетес од премногу благо?

Ако мајката јаде поголема количина благо во текот на бременоста, таа ќе се здебели и може да развие гестациски (труднички) дијабетес. Како последица на тоа, детето може да се роди преголемо и претешко, а може да има и други, понекогаш потешки развојни нарушувања, но не и дијабетес.

Секоја година се појавуваат сè повеќе заболени. Некои родители многу се грижат дали нивните деца ќе добијат дијабетес бидејќи премногу јадат благо.

Дијабетес тип 1 е автоимуно заболување во кое антителата, кои се создаваат во организмот на болниот човек, ги уништуваат клетките на панкреасот што се одговорни за секреција на инсулин - а инсулинот е од суштинско значење за одржување нормална концентрација на гликоза во крвта.

Големите количини благо што ги јадат децата немаат важно влијание врз развивањето на дијабетес тип 1. Станува збор за автоимун процес што резултира со постепено пропаѓање на клетките што произведуваат инсулин.

Големите количини шеќер не се здрави и можат да доведат до хипергликемија (зголемено ниво на шеќер во крвта), зголемување на нивото на шеќер во урината, често мокрење, жед и намалување на телесната тежина и покрај тоа што детето консумира голема количина храна. 

Големата количина калории со мала физичка активност доведува до инсулинска резистенција (поради изобилството на масните клетки што послабо реагираат на инсулин, а се потребни поголеми количини инсулин за одржување на нормалната концентрација на шеќер) и развивање на дијабетес тип 2.

Дијабетес тип 2 на почеток може да се регулира со здрава исхрана и апчиња, но ако пациентот не ги изгуби вишокот килограми, а тоа им успева на мал дел од нив, со текот на времето најчесто мора да се воведе терапија со инсулин. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top