Дали Илон Маск ќе ја напушти Тесла?

Милијардерот Илон Маск има големи проблеми откако американската Комисија за хартии од вредност го тужи пред Федерален суд поради твитовите за приватизацијата на Тесла и повлекувањето од берза на акциите на оваа компанија..

Тужбата доаѓа на само два месеца откако во август Маск на Твитер објави дека размислува да ги повлече од берза акциите на компанијата Тесла. Тој објасни и дека инвеститорите го подржале неговиот план , а кационерите ќе добијат 420 долари за акција- за една петтина повеќе од сегашната цена.

Според Комисијата , Маск на Твитер свесно лажел и ја мамел јавноста , зашто со ниден од инвеститорите не зборувал за повлекување на Тесла од берзата. Маск ја нарече тужбата ,,неоправдана”.

Најлошиот исход од ваквата тужба би бил огромна казна и забрана да биде на чело на компанијата или на која било друга компанија која котира на берзата во САД.

Второ сценарио за Маск би било да се тргне од местото извршен директор и да му биде доделена ,,твитер дадилка”. Според професорот Џозеф Грандфест од правниот факултет на Универзитетот Стенфорд, најважно е во Тесла да најдат начин да го казнат Маск , но тоа да не се одрази на вредноста на компанијата.

Од Тесла засега немаат одговор како би постапиле во случај да се реализира тужбата. Освен угледот на компанијата , со случајот е загрозен и угледот на милијардерот , кој во светот важи за иновативен ексцентрик .

Дополнително , Маск се соочува со тужба од нуркачот , кој ги спасуваше децата од пештерата во Тајланд, а милијардерот го нарече педофил .


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top