Дали Путин крие нуклеарна катастрофа?

Во воената база во Архангеловск пред два дена се случи експлозија, чии последици можеби се поголеми од што се очекуваше..

Сега е откриено што всушност експлодирало, а тоа отвора низа прашања.

Првичната вест беше дека загинале двајца војници при тестирање на ракетен мотор на течно гориво. Потоа е кажано дека оваа експлозија нема да има последици поради радијација, но потоа беше забрането бродови да пловат во овој дел од Белото Море.

Луѓето од овој реон веќе набавуваат јод, за да се заштитат од последиците на евентуалното зрачење.

Руските власти, како што наведува „Дејли мејл“, признаваат дека во одредени подрачја во близина на базата скокнало нивото на радиоактивното зрачење, но и дека ситуацијата е под контрола.

Во експлозијата загинаа две лица, а четворица се повредени.

Во соопштението од руското Министерство за одбрана се истакнува дека по експлозијата во атмосферата не се испуштени отропвни материи, а нивото на радијација е во нормални граници.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top