Даскаловски: Црвенковски сака да биде Мило Ѓукановиќ

СДСМ е во длабока криза на идентитет, без визија за сегашноста и иднината на партијата и државата, оценува политичкиот аналитичар, Жидас Даскаловски во интервју за Прес24,.

- Разликата е преголема и јасно ја изразува волјата на граѓаните. Нерегуларностите беа и се сериозен проблем, но тие не смеат да ја замајуваат СДСМ дека народот го подржува во нивниот обид да ја наметнат приказната дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е режимска и авторитарна - вели Даскаловски. 

Cпоред него, СДСМ има проблем и со кадровски решенија, како на централно, така и на локално ниво, со поврзување со електоратот во однос на неговите потреби и желби, како и проблем со јасен став за големите прашања, како името, економијата и односот кон Албанците.

- Црвенковски е посебна приказна на која најблиска е сторијата на Мило Ѓукановиќ со тоа што Црвенковски само сонува да ги има успесите на својот, по стаж, колега од Црна Гора - вели Даскаловски.

Тој оценува дека од сите кои успеаја да ја победат власта на овие избори, Зоран Заев, Андреј Жерновски, Зоран Дамјановски и Стефчо Јакимовски, токму Јакимовски го гледа како најсилна можна фигура во опозицијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top