Давид Луиз веќе ја искуси одмаздата, „напад“ на ресторанот поради трансферот во Арсенал

Навивачите на Челзи се шокирани, но и огорчени поради заминувањето на Бразилецот во редовите на градскиот ривал..

Една од главните приказни на англискиот трансфер пазар секако е заминувањето на Давид Луиз во Арсенал. Тој за девет милиони евра се пресели од Челзи во редовите на „Топчиите“ и со тоа тимот на Емери конечно го реши прашањето во одбраната.

По ова започна одмаздата кон Давид Луиз од страна на навивачите на Челзи.

Фановите на „Сините“ ги преплавија социјалните мрежи со цел на интернет да го намалат рејтингот на ресторанот на Луиз во Лондон. Тој и неговиот доскорашен соиграч Вилијан имаат ресторан во престижниот Мејфер. Ресторанот се вика „Бабо“, а неговата оценка на интернет драстично ќе се намали.

Од коментарите дека храната е ужасна, до тоа дека сопственикот е измамник, сепак, победник е еден корисник кој напишал дека дури видел дека гостите се фотографираат со еден „кадрав стаорец“.

„Немојте да одите таму, има многу змии, никако не го препорачувам овој ресторан“, напиша еден огорчен навивач.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top