Де Геа обвинет за лажирање повреда

Поранешниот фудбалер од Премиерлигата и репрезентативец на Англија, Емил Хески го обвини Де Геа дека лажирал повреда на средбата против Англија, со цел да не го признаат голот на Дани Велбек..

Емил Хески го следел натпреварот меѓу Шпанија и Англија (2:2), а моментот со голот на Велбек и падот на Де Геа по кој исценира повреда и допир со Велбек, пресуди за судијата да го поништи голот на Англија.

„Многу разочарувачки беше тоа, мислам дека Велбек не стори ништо погрешно. Можеше ли да оди кон друг правец? Не, дури не го ни турна, не му стави ни раце на тело за да го повреди, тој едноставно стоеше во место“.

„Де Геа несфатливо падна, несфатливо за мене е кога некој голман глуми повреда во таква ситуација. Тој не беше повреден, се беше во ред со него, едноставно топката го удри, не знам што Дани Велбек можеше да стори поинаку и голот да биде регуларен“, смета Хески.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top