Де Роси ќе почне тренерска кариера со тимот од Серија А?

Некогашниот италијански фудбалски репрезентативец, Даниеле Де Роси, би можел да почне тренерска кариера и тоа во лигата каде одигра цела своја кариера, во Серија А..

Фиорентина во моментов бара нов тренер, откако тимот привремено епредводен од Бепе Џакини, кој го наследи Винченцо Монтела минатата година во декември.

Како кандидат за кормилото на Фиорентина се врти и името на Лучијано Спалети, но тој е формално под договор со Интер до јуни 2021 година, и неговата плата може да биде проблем.

Кога Де Роси ја напушти Рома, летото 2019 година, Фиорентина беше заинтересирана за него, но тој порача дека не е подготвен да игра за друг тим во Италија освен за Рома.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top