Децата заробени во пештерата со трогателни пораки до родителите

,,Мамо, тато не се грижете за мене .Ако излезам , ве молам да ми донесете скара “ , напиша едно од момчињата..

Момчињата заробени во поплавената пештера во Тајланд испратија трогателни пораки до најблиските , кои веќе две недели кампуваат пред пештерата , каде се заробени нивните деца. ,,Не се грижете , сите сме силни. Професоре , немојте да ни зададете многу домашни задачи.”, се пошегува едно од децата во пораките кои ги испратија до најблиските.

Посебно писмо до родителите испрати тренерот на момчињата во кое им се извинува за инцидентот и себеси се обвинува што нивните деца се заглавени во поплавена пештера. Родителите му одговорија дека не треба да си ја презема вината иу сега е најважно сите да се вратат безбедно.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top