Дејвид Бекам ќе игра во филм

Според изворите, тој најверојатно ќе се појави во новиот филм на Метју Воган, во улога на негативец..

Дејвид Бекам најверојатно ќе стане актер шпекулираат таблоидите во Велика Британиј дознавајќи дека тој размислува да прифати улога во новиот трилер „The Secret Service“.

Според изворите, тој најверојатно ќе се појави во новиот филм на Метју Воган, во улога на негативец.

- Колин Фирт го праша Бекам дали сака да игра во филм, но тој сеуште не потврдил, изјавил за магазинот Сан извор блисок до фудбалерот.

Инаку Бекам постојано добива сценарија откако објави дека ќе се пензионира од фудбалот, но по се изгледа сеуште не донел некоја одлука.

Додека тој размислува дали да се појави на филмското платно, професионалците во филмската индустрија сметаат дека неговото појавување во филм ќе привлече големо внимание кај публиката.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top