Делегацијата на Единствена Македонија на разговори во Државната дума во Москва

Делегацијата на Единствена Македонија на разговори во Државната дума во Москва.

Денес, петок, 13 април, беше остварена средба со г-ѓа Инга Јумашева, претседателката на Комитетот за надворешни работи на Државната Дума од пратеничката група на владеачката руска партија Единствена Русија.

На средбата, делегацијата на Единствена Македонија во името на македонскиот народ изрази голема благодарност за подршката од Русија за почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста, исконското македонско име и идентитетот на Македонија и македонскот народ.

Притоа беа разгледани и конкретните чекори околу реализацијата на клучната определба на Единствена Македонија што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство на Република Македонија во Евроазиската економска унија.

Наредните денови продолжуваат средбите и разговорите во Москва.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top