Демант на Љупчо Ристовски во врска околу обвинувањата за средбата со Ден Дончев

Лидерот на Интегра г-дин Љупчо Ристовски излезе со свое соопштение во врска со лажната вест на порталот Република и другите социјални мрежи.

Доколку имаа чесни намери од Република.мк, пред да објават вакви инсинуации и пред да шпекулираат за било што, ќе се јавеа за изјава или со прашање до претседателот на ИНТЕГРА д-р Љупчо Ристовски за што станува збор.

Притоа, ќе го провереа датумот на фотографијата, патем која е од 2016 година кога Ден Дончев беше во десницата и повеќе инклинираше кон ДП*НЕ отколку СДС*, а за која јас патем не се сеќавам дека ние сме ја земале, веројатно службите следеле и сега од фиока ја вадат и објавуваат како црна негативна кампања пред избори.

Прашањето е и каква е врската на тие служби со Миленко Неделковски, кој ја објави оваа фотографија утрово или можеби, каква е вашата врска како медиум со тие служби, штом си дозволувате вакви непрофесионални инсинуации и шпекулации.

Очекувам да се коригира редакцијата на Република.мк, да го објават овој демант (изворно) и да престанат со инсинуации и шпекулации....НИКАКВА СРЕДБА НЕМАЛО од 2016-та година. Инаку личните пријателства не се за коментирање, а јавните средби во 2016-та биле за окрупнување на десницата и обичен кафе муабет.

А јавноста да се запраша зошто се вознемирија толку ботовите и раководството на ДП*НЕ? Од подемот на ИНТЕГРА ли? Од високиот рејтинг на партијата и на лидерот Љупчо Ристовски? Или од тоа што моќно го презема приматот во промакедонската десница од ДП*НЕ предавничка? Или пак од сето тоа заедно?

Јавноста ќе знае да цени...созреана е веќе за носење на исправни одлуки, да се породи нова политичка сила на политичката сцена, во име и за сметка на ИНТЕГРА - МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА.

https://republika.mk/…/ristovski-i-integra-vo-koordinacija…/


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top