Демократите го нападнаа говорот на Трамп за состојбата на нацијата

Демократите кои како противкандидати ќе се борат против американскиот претседател на изборите во 2020 година, веднаш го нападнаа неговиот говор за состојбата на нацијата велејќи дека му недостасува суштина и дека во него нема ништо за да ја обедини земјаат.

Десетина демократи веќе ги започнаа своите изборни кампањи, а десетици сè уште би можеле да се вклучат во трката преку нивна партиска номинација.

Американскиот сенатор Кори Букер, кој ја објави својата кандидатура минатиот петок, изјави дека повикот на Трамп за единство е „празен“.

„Потребно е повеќе од едно одобрување на единството на врвот на говорот да се обедини нашата земја. Нашиот претседател последните две години ги помина обидувајќи се да нè разедини“, напиша тој на Твитер. „Делата зборуваат повеќе од зборовите“, додаде Букер, пренесе Ројтерс.

Стејси Абрамс, на која речиси ќе ѝ успееше да стане прва Афроамериканка на гувернерско место и прва гувернерка на Џорџија, изнесе официјален одговор од демократите за говорот на Трамп за состојбата на нацијата.

Адамс му испрати неколку директни удари на Трамп повикувајќи на економска поддршка за американската работничка класа и средна класа.

„Блокадата на владата беше егзибиција на претседателот на САД, која пркоси на секој принцип на праведност и го изневерува не само нашиот народ, туку и нашите вредности“, истакна Абрамс.

Таа настојуваше да ги избалансира политичките препораки со нападите на претседателот, нешто за што демократските стратези велат дека останатите кандидати треба да ги следат, наведе Ројтерс.

„Иако бев многу разочарана од пристапот на претседателот кон нашите проблеми, сеедно не сакам да не успее“, рече Абрамс.

„Сепак - мораме да му ја кажеме вистината и да ги почитуваме неговите обврски и извонредната разновидност која ја дефинира Америка“, изјави таа во Атланта пред група во која претежно беа жени.

По говорот многу партиски противкандидати ги изнесоа своите критики.

„Не нè водеше напред и не им е дораснат на предизвиците“, рече сенаторката Ејми Клобакар за Ем-ес-ен-би-си.

Таа, исто така, најверојатно ќе се кандидира за претседателската должност. Таа рече дека ќе одржи собир во Минесота во сабота за да ја објави својата одлука.

Сенаторката Кирстен Гилибранд, која започна своја кампања за Белата куќа, бараше донации откако го привлече вниманието со видеоснимката објавена на Твитер, на која се гледа како таа одмавнува со главата како одговор на говорот на Трамп.

„Претседателот Трамп имаше на располагање години да ја обедини земјата, но наместо тоа, тој одбра да ја разедини земјата на секое можно прашање“, рече Гилибранд во изјавата.

Александрија Окасио-Кортез, која не се натпреварува за претседателската функција, туку настапува како водечки либерален прогресивен глас во својата партија откако е избрана во Претставничкиот дом во ноември, изјави дека во говорот на Трамп недостасува политичка суштина.

„Мислам дека претседателот е неподготвен и не ја завршил својата домашна задача. Нема план“, рече Окасио-Кортез за Ем-ес-ен-би-си. „Дали е ова стоп кампања или говор за нацијата?“ праша таа.

Сенаторот Шерод Браун, кој и самиот размислува да се кандидира за претседател, изјави дека Трамп не направил доволно за работниците.

„Реалноста е дека досега многу луѓе во оваа земја кои напорна работат не се доволно платени како што би требало. Претседателот Трамп тоа не го разбира, тој ја користи Белата куќа за луѓе како него да се збогатат“, изјави Браун.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top