Демократите отворија истрага откако Трамп го отпушти Генералниот инспектор на Стејт департментот

Вашингтон пост и Ен-Би-Си њуз известија за развојот на настаните доцна во неделата..

Претставници на Конгресот изјавија за американските медиуми дека Генералниот инспектор на Стејт департментот, отпуштен од претседателот Доналд Трамп, ги истражувал наводите дека државниот секретар Мајк Помпео имал персонал, кој извршувал лични задачи, како што е шетање на неговото куче.

Покрај шетањето на куче, официјални лица изјавија дека Помпео имал припадник на персоналот кој бил задолжен за преземање на облеката од хемиско чистење и кој правел резервации во рестораните за Помпео и неговата сопруга.

Демократите во Домот и Сенатот започнаа истрага за отпуштањето на генералниот инспектор Стив Линик од страна на Трамп, потег за кој Белата куќа соопшти дека бил препорачан од Помпео.

Сенаторот Боб Менедез и конгресменот Елиот Енџел испратија заедничко писмо до Белата куќа во кое бараат претставници на администрацијата до петок да ги предадат документите поврзани со отпуштањето.

Мендез рече дека претседателот не може да го отпушти генералниот инспектор на Стејт департментот без да даде соодветна причина и оправдување пред Конгресот. „Тајните причини не се сметаат “, рече Менедез во неделата.

Спикерката на Претставничкиот Дом, Ненси Пелоси, во неделата изјави дека разрешувањето на Линик е „несовесно кога ќе извадите некој што е таму за да ги запре измамите, злоупотребата или други прекршувања на законот за кои ... веруваат дека се случуваат.

„Значи, повторно, да погледнеме и да видиме“, рече Пелоси. „Претседателот има право да отпушти федерални вработени. Но, факт е, ако се чини дека тоа е во знак на одмазда за нешто што го прави генералниот инспектор, тоа би можело да биде незаконско “.

Клучните републиканци застанаа во одбрана на Трамп.

Советникот за трговија на Трамп, Питер Наваро, за емисијата „Оваа недела“ на „Еј-Би-Си Њуз“ рече: „Јас поддржувам се што прави овој претседател во однос на неговите одлуки за вработување и отпуштање.“

Линик беше назначен за генерален инспектор на Стејт департментот од страна на поранешниот претседател Барак Обама.

Учеството на Линик во процесот на импичмент беше ограничено на брифирање на неколку конгресни комисии и обезбедување на законодавците со документи од Руди Џулијани, адвокат на претседателот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top