Демократски сојуз за промена на изборниот модел

Од партијата Демократски сојуз информираат дека подготвиле Предлог на Закон за промена на Изборниот законик со кој се предлага територијата на државата да биде една изборна единица..

„Пропорционален изборен модел со тоа што Македонија ќе биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓание, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт и конечно ќе се демонтира ‘еднопартискиот систем’, каде лидерот на владејачката партија и воедно премиерот одлучува за се“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека заговарањето за враќање на мнозинскиот модел значи враќање на насилството на улиците.

Се очекува претседателството на Демократски сојуз вечерва да го утврди текстот на Законот, а во текот на утрешниот ден да го достави до Парламентот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top