Демонстранти го запалија конзулатот на Иран

Ирачките демонстранти го запалија иеанскиот конзулат во Басра, на југот на земјата..

Целосно изгоре конзулатот на Иран во ирачкиот град Басра. Инцидентот се случил на протестите против корупцијата во Ирак , што се одржуваат од понеделникот . Тогаш на протестите загинаа најмалку 10 лица.

Во протестите вечерва со факели и импровизирани бомби беа нападнати неколку јавни згради и установи , а демонстрантите бараа работни места и подобри услови за живот. Зградата на конзулатот била празна во моментот на избивање на пожарот.

Иран вечерва соопшти дека во протестите во Ирак немало притисок врз жителите Иранци да ја напуштат земјата.

Претходно во текот на денот , полицијата воведе полициски час во Басра со опомена дека секој што ќе се појави на улица ќе биде уапсен.

Во Басра живеат 2 милиона жители , кои поради лошата власт често остануваат без струја и вода за пиење.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top