Ден Дончев и Џош Фрајденберг новиот Министер за финансии на Австралија студирале заедно на Харвард

Дончев и Фрајденберг освен што студирале заедно имаат уште нешто заедничко имено и двајцата се долги години активни во политичкиот живот, Дончев во Република Македонија и Фрајденберг во Австралија.

По минатонеделните превирања во политичкиот живот во Австралија и таканаречената бура во владеачката Либерална партија на Австралија работите полека стивнуваат со изборот на нов Премиер и измена на некои министри.

Скот Морисон е избран за лидер на Либералната партија и е новиот премиер на Австралија откако го победи Питер Датон со 45-40 во лидерското гласање.

За заменик лидер на Либералната партија е избран Џош Фрајденберг, а воедно е именуван и за Министер за финансии на Австралија.

Интересен е фактот дека Директорот на Фондот за здравство на Република Македонија Ден Дончев на својот фејсбук профил објави фотографија со новиот заменик лидер на Либералната партија и воедно нов Министер за финансии за Австралија Џош Фрајденберг.

Имено двајцата функционери Дончев од Република Македонија и Фрајденберг од Австралија студирале заедно на еден од најпрестижните универзитети во САД, Харвард Универзитетот.

Дончев и Фрајденберг освен што студирале заедно имаат уште нешто заедничко имено и двајцата се долги години активни во политичкиот живот, Дончев во Република Македонија и Фрајденберг во Австралија

Се надеваме дека и двајцата политичари колеги од студентските денови ќе работат за доброто на двете држава, а можеби и познанството ќе помогне за напредок во соработката меѓу Австралија и Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top