Ден Дончев и официјално назначен за директор на ФЗОМ

Владата на СДСМ го разреши Сашо Стефановски од директорската позиција во Фондот за здравствено осигурување.

Владата на СДСМ го разреши Сашо Стефановски од директорската позиција во Фондот за здравствено осигурување и на негово место го назначи Ден Дончев.

Дончев е поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, а беше и генерален секретар на партијата откога нејзин претседател стана Никола Груевски во 2003 година.

На последните избори беше носител на пратеничката листа на коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна единица.

Веќе поранешниот директор на ФЗОМ Стефановски неодамна беше назначен за претседател на општинскиот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top