Ден Дончев ќе биде нов директор на Фондот за здравство

Тој на последните предвремени парламентарни избори беше кандидат на коалицијата “ВМРО за Македонија“.

Ден Дончев од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ најверојaтно ќе биде нов директор на Фондот за здравство. Тој ќе го замени на директорското столче на досегашниот директор Сашо Стефановски, кој повеќе од две години управува со една од најбогатите институции во државата.

Дончев во јавноста стана актуелен откако се обелодени аудио снимката за „Македонска банка“.

Тој на последните предвремени парламентарни избори беше кандидат на коалицијата “ВМРО за Македонија“ во првата изборна единица кога беше и шеф на изборниот штаб на коалицијата.

Изборот на Дончев за  нов директор на Фондот за здравство е показател дека СДСМ новите кадри не ги избира по партиска припадност ако се има предвид фактот дека Дончев одсекогаш бил дел од ВМРО.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top