„Ден на одлука“ за новата влада на Германија?

Со меѓусебни апели за подготвеност за компрoмис, демохристијаните и социјалдемократите влегоа во последната рунда преговори за формирање на голема владина коалиција..

Во Берлин денеска започна последната рунда од преговорите за формирање нова влада на Германија, односно се очекува да завршат маратонските преговори меѓу Социјалдемократската партија (СПД) од една и Христијанско-демократската (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) од друга страна за создавање голема владина коалиција, четири месеци по изборите за Бундестагот.

Лидерот на Социјалдемократската партија Мартин Шулц спроти почетокот на рундата говореше за „ден на одлука“ додека канцеларката Ангела Меркел, лидерка на Христијанско-демократската унија пак побара „болни компромиси“ од сите страни вклучени во преговорите. 

Според Меркел несогласувања и натаму има околу суштински прашања. „Подготвена сум на компромис ако можеме да гарантираме дека на кајот ќе има повеќе корист отколку штета“, изјави Меркел спроти почетокот на последната рунда преговори.

Повеќе политичари од редовите на ЦДУ сметаат дека е возможно преговорите денеска да траат повеќе часови, па дури и до доцна во ноќта“. По повеќе одложувања на рокот за постигнување на конечен коалициски договор, јасно е дека оваа рунда ќе биде последна, па затоа некои политичари не ја исклучуваат можноста ниту на крајот преговорите и да пропаднат. Партиите имено и натаму не можат да постигнат согласност околу политиката на трудот и здравствената заштита.

По изборите на 24 декември минатата година минаа четири месеци во кои партиите во Германија не успеаја да формираат нова влада. Најнапред пропаднаа сондирачките преговори меѓу партиите на Унијата и Либералите и Зелените, а сега се одолговлекоа во маратон и преговорите за продолжување на големата коалиција, која владееше во земјата и пред изборите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top