Ден посветен на мајката Божја

Во православните храмови се пееја утринските литургии.

Христовото доѓање е најголем дар за нас луѓето. На овој ден да не се заборават сиромашните, да им се помогне на беспомошните“, е пораката која се праќа на вториот ден од Христовото раѓање.

Во православните храмови се пееја утринските литургии во чест на вториот ден од Христовото раѓање, посветен и на мајката божја пресвета Богородица.

И денешниот ден има исто големо значење за Христовото рождевство, да не се заборават црквите, граѓаните да одат во храмовите и да се помолат за спасение и прошка.

Во православната црква Божиќ почнува да се празнува при крајот на третиот век. Црквата тогаш за поважно го сметала духовното раѓање, отколку телесното раѓање. Црквата Божиќ слави три дена. Христос се роди, навистина се роди!

Денес именден слават Божин, Бошко, Божана, Богомил.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top