Денеска е строг пост: Се слави Водокрст

Денеска се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.

Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Утре е големиот празник Боговјавление Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top