Денеска ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на бегалецот Груевски

Груевски веќе половина година е во Будимпешта, Унгарија, откако избега за да не ја одлежи двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“..

За денеска во 11 часот закажана е седницата на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Бегалецот Груевски повеќе од 6 месеци е неоправдано отсутен и не ги извршува собраниските обврски.

За одземање на мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство, односно за треба да гласаат 80 пратеници.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top