Денеска ќе се знае дали има ебола во Македонија

Резултатите се испратени во лабораторија во Хамбург, Германија, а по нивното официјално објавување ќе се знае дали еболата пристигна во Македонија..

Резултатите од испитувањата на починатиот Британец ќе стигнат најрано денеска попладне, по што ќе се знае дали тој починал од ебола или некоја друга причина.

Резултатите се испратени во лабораторија во Хамбург, Германија, а по нивното официјално објавување ќе се знае дали еболата пристигна во Македонија.

Пред да почине на Kлиниката за инфективни болести во Скопје, Британецот Колин Џефри пројавил симптоми сомнителни за ебола, по што веднаш се вклучил алармот кај лекарите и здравствените власти.

Среќа во несреќа е што пациентот последните три дена не излегувал надвор од својата соба, зашто не му било добро, па контактите биле сведени на минимум. Но тие што ги имал во претходните денови допрва ќе се испитуваат ако се потврди сомнежот за ебола.

Под засилен лекарски надзор се сите што биле во контакт со починатиот Британец, кој уште на 2 октомври допатувал во Македонија. Под засилен надзор е и тричлената лекарска екипа на брза помош која го пренела заболениот од хотелот до Kлиниката, и сите лекари, сестри и болничари кои му укажувале помош на пациентот кој имал и внатрешно крварење. 

Починатиот 58-годишен Британец бил поранешен директор во „Џонсон Мети“во Македонија и прв човек на Советот за странски инвестиции на Република Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top