Денеска Меркел доаѓа во Македонија

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, во почетокот на неделава најави дека Меркел ќе дојде во Скопје за од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум..

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе пристигне во официјална посета на Македонија. 

Ова е прва посета на германски канцелар на Македонија. 

Претпладнево таа ќе има свечен пречек на платото пред Владата, а по заедничката средба со премиерот Зоран Заев ќе се одржи заедничка прес-конференција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top