Денеска нова рунда преговори за името

Денеска и утре ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц..

Од владата како што соопштија остануваат на ставот за предлогот „Илинденска Република Македонија“ додека Коѕијас побара Македонија да покажела прагматизам за решение.

„Знам дека многу сили и во двете општества би преферирале решенија по нивна волја, но во меѓународните односи не постојат таков вид решенија“, додаде Коѕијас,

Иако беше најавено дека преговорите ќе траат два дена, односно денеска и утре, Коѕијас, во изјавата по средбата со генералниот секретар на ОН, Гутереш ја остави отворена можноста преговорите да бидат само еден.

Грчкиот премиер пак, Алексис Ципрас, вчера одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија во врска со името „Република Илинденска Македонија“, рече дека Грција преговара врз база на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од Нимиц, но не и за предлогот Илинденска Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top