ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА СВ ПЕТКА

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули..

Денеска е Св. преподобна маченичка Петка.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Доминик.

Бил роден во Каларога во Шпанија, околу 1170 година. Во Паленција студирал теологија и станал свештеник. Проповедувал против албигеншките херези кои тврделе дека светот е дело на Сатаната. Свети Доминик се молел и храбро настапувал бранејќи ја верата во Христос Спасителот. За таа цел го основал редот на проповедниците-доминиканци. Умрел во Болоња во 1221 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top