Денеска средба меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц, на маса е нацрт договорот предложен од грчка страна

Тема на разговорите е нацрт договор за конечно решение за името..

Оваа денешна и вчерашна средба е оценета како почеток на сериозните преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН за проблемот што нашиот јужен сосед го има со нашето уставно име. Од македонската Влада велат дека досега се воделе разговори, размена на информации, а овие средби на ниво на министри за надворешни работи значат всушност почеток на преговорите. Еден вид фото-финиш. Очекувањата се дека овие преговори ќе траат и во текот на месец март.

Од вчерашната средба на шефовите на дипломатиите во Виена сѐ уште нема никаква официјална информација. Според претходните договори, вчера и денес најверојатно се разговара за нацрт договорот предложен од грчка страна.  

Пред оваа средба во Виена, двете страни ги најавија своите ставови. Премиерот Зоран Заев рече дека Владата е подготвена за име со географска одредница без промена на Уставот, а грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера го повтори ставот дека рамката што го гарантира затворањето на проблемот е сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба промена на македонскиот Устав и повлекување на сите сомнежи за иредентистички ставови.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top