Денеска во Собранието други активности, расправата за уставните промени продолжува утре

По тридневна расправа, денеска во Собранието ќе се носат одлуки од други сфери, расправата за уставните промени ќе продолжи утре..

Со оглед дека Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се откажаа од расправата, доколку завршат сите пријавени за збор, можно е уште утре да има гласање за промените во Уставот.

Денеска Собранието ќе има неколку активности. Меѓу позначајните ги издвојуваме Предлог-одлука за  изменување на Одлуката за именување на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија; Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменик-членови на Националниот совет за евроинтеграции; Предлог за именување на вицегувернери на Народната банка на Република Македонија; Предлог на закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта – I читање; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување – I читање; Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на додадена вредност – II читање; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top