Денови на жалост во Македонија: Голема тага и болка по загинатите во трагедијата, дел од повредените во критична состојба

Владата на Република Македонија донесе одлука денес и утре да бидат денови на жалост..

Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово.

Бројот на жртви се искачи на 14.

Од вкупно згрижените 37 лица во ГОБ „8 Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар. Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а другите седум им подлегнале на повредите.

Имињата на 14 загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.

Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар.

Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top