Дерби над дербињата: Што му треба утре на шампионот Челси, а што на „специјалниот“ Јунајтед

Актуелниот шампион во Премиер лигата, тимот на Челси, утре од 17:30 го пречекува големиот противник Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“ во дербито на колото..

Челси нешто заостанува зад Јунајтед и Сити на табелата на почеток од сезоната, а токму овој меч ќе им биде репер, или пример околу тоа, дали ќе покажат дека го заслужуваат епитетот шампион годинава.

Секогаш било тешко да се брани титула во Премиер лигата, а најдобар доказ за тоа се последните две сезони, кога Лестер и Челси беа шампиони, па потоа се соочуваа со кошмарни сезони.

Челси и Конте како приоритет ќе им биде да остварат победа, сигурна победа пред домашните навивачи, со која ќе испратат порака дека сезоната се уште не е завршена, и дека има уште многу за играње до крајот.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед и пред се Жозе Мурињо, мора да покажат дека се противкандидати на Сити и Гвардиола во трката за титулата, а со оглед на тоа дека Сити игра фантастично, Јунајтед нема право на кикс утре бидејки тогаш разликата би била уште поголема доколку „граѓаните“ и ова коло извојуваат победа.

Манчестер Јунајтед успеа да ги залечи раните од поразот против Хадерсфилд, па со победата над Тотенхем се вратија во некој натпреварувачки ритам, и токму дербито против Челси ќе им биде доказ за тоа до каде се подготвени да одат сезонава и дали се кадарни да притискаат за шампионскиот трон во мај.

Гостувањето на Мурињо на „Стемфорд Бриџ“ сигурно нема да помине незапазено, бидејки со оглед на последните неколку негови изјави дадени по медиумите, навивачите нема да останат рамнодушни.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top