Десетици убиени во повеќе напади во Авганистан

Најмалку 70 лица загинаа во два одвоени самоубиствени напади, како и во напад врз владините сили, соопштија авганистанските власти..

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот на полициската станица во југоисточниот град Гардез, во кој се убиени најмалку 41 лице, додека 150 се ранети.

Триесет лица, меѓу кои и полицајци, се убиени во соседната провинција Газни. Постои сомнеж дека и зад овој напад стојат талибанците.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top