Дешамп: На Гризман му недостасува ритам, сите знаете зошто е тоа така

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп истакна дека не може да гарантира место во првиот тим за Антоан Гризман, пред се поради тоа што на Гризман му недостасува натпреварувачки ритам..

Откако Гризман пристигна во Барселона, се обидува да ја пронајде најдобрата форма, но не успева да фати континуитет.

Беше најдобар играч на ЕП 2016 година, освои титула на СП со Франција две години подоцна, но се чини дека последниот период загуби нешто од својот поранешен сјај.

„Знам дека ги гледате натпреварите, но погледнете ја статистиката, Гризман има одиграно 81 меч, има постигнато 32 гола и 21 асистенција. Но се разбира, тоа не гарантира ништо, како и за многу други играчи“.

„Знам каков талент има и што може да направи за овој тим. Не можам да зборувам за позицијата на Антоан. Знам каде може да биде најефикасен и со која позиција може најдобро да влијае на тимот. Но му недостасува ритам и сите добро знаете зошто е тоа така. Потребно му е време за да се разигра“, истакна Дешамп.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top