Дескоска: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ не се суштински, некои се и конфузни

Амандманите што ги добивме единствено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ниту се суштински, ниту пак можат да значат подобрување на текстот..

Некои од нив се неразбирливи, неприменливи и конфузни зашто имаат и технички грешки во формулациите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска коментирајќи ги амнадманите на опозицијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани на Предлог-законот за високо образование кој денеска беше разгледуван во второ читање на собраниската Комисија за образование, наука и спорт.

Опозициските пратеници сметаат дека  Предлог-законот е недоследен и има низа пропусти во регулирањето на соодветната материја и дека  остава недоречености и назадувања во одредени области. Меѓу амандманите кои ги предлагаат се зголемување на буџетот предвиден за финансирање на универзитетите и самостојните високи стручни школи.

– Интересно е ВМРО-ДПМНЕ да предлага амнадман за коефициент на плати на професорите, а во нивно време, повеќе од десет години владеење, не направија ништо да се подобри статусот на професорите и оставија огромни буџетски долгови, рече Дескоска.

Во однос на амандманот со кој опозицијата бара да се избрише надлежноста на деканот да ги распишува студентските избори на факултетите, рече дека во Предлог-законот има одредба со која ќе се превенираат ситуации од минатото кога на повеќе факултети студентските парламенти одбивале да распишат избори со цел да оневозможат легитимно донесување на одлуките на наставничките совети.

– Проблемот кој го согледавме на неколку факултети, вклулчувајќи го и факултетот од каде што јас доаѓам, каде поради политички манипулации не беа распишувани избори со цел да се оневозможи избор на декан, го превенираме со тоа што се дава надлежност деканот да мора да ги распише изборите со цел да нема нерегуларности, истакна Десксока.

Во врска со амнадманот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара мнозинско присуство од две третини во носењето одлуки во новиот орган – Национален совет за високо образование, наука и технологија, таа  смета дека со тоа се отвора можност за негова блокада, а нам, рече, ни треба „тој да биде функционален и не може да си дозволиме таков луксуз да биде блокиран“.

За амнадманот за враќање на категоријата помлад асистент, посочи  дека токму ВМРО-ДПМНЕ ги укина помладите асистенти и, како што рече, ја оставија оваа држава без помладок.

– Ние отворивме можност факултетите сами, без согласност од Министерството за фианнсии, да ангажираат демонстратори  кои за три години може да магистрираат и потоа да бидат примени за асистенти, додаде Десксока.

Псоочи дека една од новините на Предлог-законот е режиските трошоците на факултетите да се плаќаат од буџетот и дека за плаќање на сметките сите факултети ќе имаат еднаков третман без да бидат дискриминирани како порано кога, како што рече, „државата за некои беше мајка за некои маќеа“.

Во однос на изградбата на Студентски град рече дека во програмата го имаат предвид, но во моментот се фокусирани на намирување на долговите на студентските домови.

– Оставија долгови од пет милиони евра. Останаа неплатени сметки за струја, за вода, за комуналии, за храна, буквално за се. Почнати се одредени реконструкции, ние ги плаќаме тие долгови. За жал, не изградија ни еден студентски дом, а почнаа да реновираат само едно крило во „Гоце Делчев“, рече Десксока, соопштувајќи дека изградба на студентски дом во Тетово ќе почне наскоро, по надминување на проблемот со дозволите.  Наскоро ќе се реновира и во „Стив Наумов“, а ќе  продолжи и реновирањето во „Гоце Делчев“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top