Дескоска: Очекувам законот за ЈО да се донесе пред распуштањето на парламентот

Очекувам конструктивна јавна расправа и очекувам законот за јавно обвинителство да се изгласа пред распуштање на Собранието, вели министерката за правда, Рената Дескоска за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“..

– Главната забелешка на ВМРО-ДПМНЕ е членот кој се однесува на случаите поврзани со таканаречените бомби, но одговорност мора да има. Одговорноста е главното барање на меѓународната јавност, токму затоа и е потребен овој закон – вели Дескоска.

Министерката рече дека се надева дека ќе биде обезбедено потребното мнозинство, но и дека очекува опозицијата да постапи разумно, секој поинаков исход би значел политичко самоубиство на ВМРО ДПМНЕ.

Прашана дали нејзината партија е подготвена да ги помести црвените линии само за да се донесе законот, Дескоска рече дека тоа не е можно.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top